Дејвид Бекам проговори за борбата со опсесивно-компулсивно пореметување: Навечер кога сите ќе си легнат, јас...

Добивај вести на Viber

Пензионираниот фудбалер, четириесет и седум годишниот Дејвид Бекам во својот документарец ќе открие досега непознати детали за неговиот живот. Овој проект е вреден 16 милиони фунти, а меѓу другото тој ќе открие се за неговата борба со опсесивно-компулсивно пореметување кое го држи буден со часови навечер, пренесуваат странските медиуми.

Дејвид претходно признал дека морал да ги држи работите во права линија или во пар, а сега откри дека останува буден навечер да чисти додека неговото семејство спие.

- Кога сите ќе легнат, јас одам низ дома и чистам. Ги чистам свеќите, ги ресетирам прекинувачите, гледам дали е се во ред. Мразам да се будам во неред, откри тој меѓу другото.

Бекам објасни дека е свесен дека неговото однесување е чудно и призна дека се скарал со сопругата Викторија, бидејќи таа не ставила одреден предмет  на предвиденото место.

Потсетуваме, документарниот серијал во кој Бекам ќе открие се за неговите скромни почетоци и успехот кој го доживеал ќе содржи приватни архивски снимки и интервјуа со членови на неговото семејство и други важни личности од неговиот живот.


Фото:Facebook/DavidBeckham