Денес е посебен ден: Сопругата на Огњен Амиџиќ, Мина, сподели фотографија од синот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Мина Наумовиќ, сопруга на водителот Огњен Амиџиќ, се породи на 9 март и го роди синот Перун. Гордите родители секојдневно уживаат со бебето, а на својот Инстаграм профил често споделуваа фотографии од семејниот дом.

Она што е најсвежо како информација е тоа што нивното бебе наполни еден месец.

Водителот неодамна во една емисија откри како изгледа малиот Перун, а потоа призна од каде идејата за необичното име.

- Долго размислував за тоа име, а кога и го предложив на Мина, веднаш и се допадна. Кога го запознав „Перун“, реков тоа е тоа. Во осумдесеттите не познавав ниту еден Огњен, а до ден денес не познавам постар Оѓњен од мене. За мене Перун има добра симболика, никогаш не сум ни слушнал некој да се вика Перун, иако тоа име го имаме во нашето семејство – откри Амиџиќ

Фото:Instagram