Денес е голем празник: Македонски град го празнува овој светец како свој заштитник

Добивај вести на Viber

Денес македонската православна црква и нејзините верниците го слават празникот Свети Анастасиј Радовишки. Овој македонски светец е заштитник на градот Радовиш.

Свети Анастасиј Радовишки или свети Спасо Радовишки (Радовиш 1774 – Солун 11 септември 1794) е словенски светител – новомаченик. На дваесет години родителите го испратија во Солун да учи занает. Таму го присилуваа да прими ислам, а откако не се откажа од својата вера, беше жестоко измачуван. Но тој ги поднесе сите страдања и најпосле, одејќи кон за него приготвената бесилка, измачениот Анастасиј падна и ја предаде својата душа на Господа. По неговата маченичка смрт, преподобниот Никодим Агиорит го напиша неговото житие.

Традиционално во граѓаните на градот Радовиш го чествуваат својот патрон и заштитник. За празникот покрај богослужби и духовна академија, во градот се одржуваат и повеќе манифестации.

Во градот се наоѓа и црквата која го носи името на овој светител, Свети Спасо Радовишки.

Фото и Извор: денови.мк