Денес не сте виделе ништо послатко: Божиќниот танц на Нејмар со најважната жена во неговиот живот доби 8,5 милиони лајкови (ВИДЕО)

Бразилскиот фудбалер Нејмар не можеше да го помине Божиќ дома, но бразилскиот божиќен дух дојде директно во неговиот дом во Париз.

Оваа година бразилскиот фудбалер Нејмар да Силва Сантос Јуниор, Божиќ го помина надвор од дома, односно надвор од Бразил.

Со оглед на тоа што поради одржувањето на Светското првенство во Катар, за време на празниците продолжува клупската фудбалска сезона, што е невообичаено за Мундијал, па Нејмар деновиве престојува во Париз и напорно тренира. Сепак, неговото семејство и пријателите се погрижија духот на Бразил да биде донесен во неговата скапа вила во Буживал.

Еден од најпопуларните фудбалери на денешницата најпрвин сподели фотографија на која сите негови роднини кои го посетиле на Божиќ позираат имитирајќи го како тој ги прославува своите голови, и напиша:

- Сакам да му се заблагодарам на Бога што ги внесе овие луѓе во мојот живот. Прв Божиќ надвор од Бразил... Ви благодарам што сте со мене. Ве сакам. Среќен Божиќ.


 Колку беше добро расположението во домот на Нејмар, уште подобро покажува видеото кое тој го сподели подоцна, а на кое го гледаме како танцува со мајка му Надин Гонсалвес.

- Те сакам - напиша Нејмар на мајка си со видео кое за помалку од 24 часа го „лајкуваа“ повеќе од 8,5 милиони луѓе.


Нејмар често нагласува колку е близок со семејството, а неговата мајка Надин неодамна беше во центарот на вниманието поради врската со тогаш 22-годишниот модел Тиаго Рамос, за кој се пишуваше дека е познат по бројните врски со мажи, што не ѝ беше важно на Надин, која му даде нова шанса по краткото раскинување.

Сепак, на почетокот на годината во бразилските медиуми се појави вест дека Тиаго физички ја нападнал Надин, која потоа поради исеченици завршила во итната медицинска помош.

извор:GLOSSY

Не очекувавме ваква реакција: Синот на хрватскиот фудбалер му пријде на расплаканиот Нејмар и ја разнежни планетата (ВИДЕО)


Две Балканки му го поматија умот: Нејмар љубеше многу згодни убавици, а години помина само со една (ФОТО)

Додека сите фудбалери тренираат, тој посетува салони за убавина: Ѕвездата на бразилската репрезентација сака да блесне на СП во Катар