Денес шетав низ град и наидов на бабичка која просеше: Приказната на ова момче ќе ве остави во солзи

Добивај вести на Viber

Приказната за еден анонимен млад човек, која е објавена на Интернет, гласи вака: Денеска се шетав низ градот и наидов на баба која просеше со натпис „Гладна сум, те молам помогни ми“.

Дојдов кај неа и ја прашав што би сакала да јаде, а таа ми рече: „Што и да е синко, се додека е хранливо и ќе ме држи до утре“.

Отидов во продавница како луд и ѝ купив секакви намирници, од јајца, тесто, брашно, масло, јогурт, млеко до крпи и папучи.

Излегов од продавницата носејќи 7 торби и ѝ ги дадов, а таа стана, ме прегрна толку силно, низ солзи ми се заблагодари и ми рече „Јас го молев за спас, малку надеж, а потоа се појави ти, сега ти моли го за нешто што тебе ти треба“.

Куќата на баба за малку ќе се урнеше

Јас се насмеав и ја испратив до нејзината куќа, кога ја видов се зачудив. Куќата за малку ќе се урнеше, плевелот ги покрил прозорците, речиси и да немаше покрив.

Влегов и ѝ реков госпоѓо од утре почнуваме да ви ја реновираме куќата, таа само се зачуди и плачеше.

Еве сега на кафе со еден пријател и договараме се што ни треба за да ѝ ја реновираме куќата.

Патем, ние сме млади момци од 20 години. Луѓе не се плашете да им помагнете на другите, доброто со добро се враќа“.

Иако не можеме да ги потврдиме фактите, ниту вистинитоста на приказната кажана овде, мислиме дека ќе бидете воодушевени од нејзиниот срдечен исход. Сите би можеле да искористиме пауза од циклусот на негативни вести. Уживајте!