„Десет години немам интимни односи со сопругот, на почетокот, сè гореше од страст, а сега суша“: Жена раскажува како функционира нивниот брак

Добивај вести на Viber

Како изгледа и дали е воопшто возможен брак без интимна врска?

Одговорите на овие прашања ги дала Клер, која со сопругот Џон е во брак 25 години, а со него живее во апстиненција една деценија.

Двајцата се запознале на работа. Брзо се заљубиле, а во бракот добиле син.

„Смешно е кога ќе се сетам на почетокот на врската со Џон и ќе сфатам колку ни беше важен сексот тогаш. Тешко ми е да замислам дека тоа бевме ние. Кога се запознавме на работа, имаше инстантна физичка привлечност. Помеѓу нас секогаш се шегував дека го забележав неговиот убав задник во фармерки пред неговото згодно лице. Во првите 10 години нашиот сексуален живот беше активен, тоа не одржуваше заедно“, изјавила Клер.

Работите се смениле со тек на времето. Виновниците за овие промени било нејзиното влегување во менопауза, што го направил сексот многу непријатно искуство за неа (имале и некои проблеми по раѓањето на нивниот син кога таа паднала во постпородилна депресија), загубата на работа со која се соочил Џон и неговата средовечна криза, што изненадувачки ја намалило неговата сексуална желба.

Клер отворено му рекла на својот сопруг дека повеќе не сака да имаат интимни односи и тој тоа го прифатил. Тој ѝ рекол дека тоа нема да го загрози нивниот брак затоа што се уште се лудо вљубени еден во друг.

„Сè уште го делиме големиот кревет секоја вечер во нашиот дом во Јоркшир. Се бакнуваме, се гушкаме и имаме нежна физичка врска, но поминаа 10 години откако водевме љубов. Што е проблемот? Како да се справам со фактот дека за мене на 56 години сексот е само минато?“, изјавила Клер која не криела дека се прашувала дали и понатаму ја привлекува сопругот.

Таа ги отфрлила тие сомнежи.

„Би била загрижена за нашиот брак доколку не бевме нежни еден кон друг на други начини, но ние сме и секогаш сме биле отворени еден со друг за нашите чувства“.

Клер нагласила дека меѓу неа и нејзиниот сопруг има многу страст, само што е променет „методот“ што го користат за да си ја покажат.

Сепак, тие се многу блиски. Претходно уживале во сексот до зори, сега повеќе сакаат да одат на долги прошетки. Тие уживаат во патувањето и фантазираат за поседување имот во Франција.

„Имаме планови и соништа, но не ни е потребна интимна врска за да ги оствариме“.

Нејзината приказна изненадила многумина бидејќи се верувале дека нема блискост без ваква интимност. Клер и нејзиниот сопруг размислуваат и постапуваат поинаку.

Фото: Freepik.com
Извор: Zena.blic.rs