Десет начини како да се ослободите од комарците дома

Добивај вести на Viber

Речиси сите сте ги искусиле досадните убоди од овие инсекти кои знааат да бидат навистина непријатни во овие топли летни денови. Некои луѓе имаат поголема привлечност за овие инсекти од останатите, дел поради мирисот на кожата или топлината на телото кое ги привлекува. Најчести  „жртви“ се оние кои се со потопла кожа , оние кои конзумираат пиво, трудниците и оние кои имаат помалку облека на себе од другите. Освен кремите и спрејови кои се користат за заштита од комарци, постојат неколку начини кои можат многу лесно да ви помогнат да се заштитите од комарците во вашиот дом:

1. Светла, долга и чиста облека – Светлата облека се смета дека ја намалува топлината на телото, чистата облека содржи појак мирис од детергентот, а долгата пак го покрива поголемиот дел од  телото со што сте позаштитени од убоди од комарци.

2. Талог од кафе – засушете го талогот од кафе, и ставете го во метално тањирче или пак на алуминиумска фолија и запалете го. Со сигурност мирисот на изгорено кафе ќе ги избрка комарците од просторот.

3. Билки – во групата на билки кои ќе ви помогнат да ги избегнете овие здодевни инсекти  се: нането, бозелот, рузмаринот и лавандата. Секогаш во вашата околина имајте некоја од овие билки и со сигурност ќе ве отргне од контакт со комарците.

4. Вентилатор – звучи смешно, но дури и кога би го ставиле вентилаторот во отворен простор ќе ги издува комарците од тој простор со што ќе биде невозможно да ви се доближат.

5. Есенцијални масла – маслото од каранфилче, еукалиптус, лаванда, цитронела, чајно дрво, пеперминт, кокосово, темјаново. Овие масла се прилично ефективни во отстранување на комарците. Доколку ги користите овие масла како козметичка нега или пак како ароматизер за воздух или во вид на свеќа, со сигурност  ќе ги отстраните комарците од вашиот простор.

6. Бор – мирисот на запалено дрво од бор ги убива и брка инсектите. Мирисот кој го испушта борот  додека гори е неподнослив за комарците со што ги убива комарците и превенира тие да се доближат во вашиот дом.

7. Кокос и ванила – покрај убавиот мирис на ванилата и кокосот, овие две состојки се навистина ефективни во отстранувањето на комарците. Козметички препарати, парфеми, ароматизери или пак свеќи кои содржат некоја од овие состојки  ќе ви помогнат да се заштитите од комарците.

8. Јаболков оцет – конзумирајќи го овој оцет или користејќи го како препарат за чистење во домот или како спреј за воздухот  кој ќе ги отргне овие инсекти од вас.

9. Лук – екстрактот од лук ги брка комарците. Конзумирајте лук, бидејќи маслото кое се ослободува од лукот, се ослободува и низ порите од вашата кожа со што е неподносливо за комарците и ги отргнува од вас.

10. ЛЕД или жолти лампи – комарците ги привлекува светлото, затоа секогаш користете ЛЕД сијалици или пак жолти сијалици и лампи во вашиот дом.

За Женски Магазин, Ана Јордановска