Десет заповеди на светиот Филарет Дроздов кои треба да ги испочитува секој верник: Во туѓи разговори не се мешај
Свети Филарет Дроздов (1782-1867) беше една од клучните фигури на Руската православна црква повеќе од 40 години кога служеше како митрополит московски.
Според него, овие 10 заповеди треба да ги почитува секој верник.
-Што знаеш - молчи.
-Што слушнеш - молчи.
-Во туѓи разговори не се мешај.
-Одговори на прашањата, но не кажувај многу.
-Што сакаш да направиш - размисли сам со молитва и не кажувај им на другите пред време додека не го сториш тоа.
-Не кажувај им ги на луѓето нивните недостатоци.
-Ве навредуваат или ве прекоруваат - замолчете.
-Неправедни се со вас - кажете тивко и спокојно.
-Сам не зборувај строго и не се возбудувај.
-На сè гледај - како даде Бог! Неговата света волја е за сите! Секогаш сеќавајте се на Бога, Мајката Божја Богородица и молете се.