Лекарите му давале уште два месеци шанса за живот- победи! Детенце со редок вид на рак e херој!

Добивај вести на Viber

фото:PRINTSCREEN

Храбро момче победи редок вид на рак кај деца!

Рајан Севиџ, тринаесетгодишно момче од Билингем (Дурам, Англија), имал само три години кога лекарите откриле дека има невробластом во крајна фаза, редок вид на рак кај бебиња и мали деца што се јавува во нервното ткиво . На малото дете му беа дадени максимум два месеци живот.

Туморот го обвитка 'рбетот на Рајан, а шансите за преживување му беа само пет проценти.

Откако му беше дијагностицирана болеста, на Рајан му беше извршена исцрпувачка хемотерапија, а после тоа беше опериран, и му беа отстранети повеќето тумори. После тоа, болеста се повлекла, но две години подоцна, бил откриен нов тумор во градите. 

Лекарот им рекол на родителите дека тоа е „најтешкиот случај што го видел некогаш“.

Храброто момче и овој пат се избори со болеста! 
Тој беше подложен на хемотерапија со години и беше подложен на операција неколку пати пред мајката на Рајан, Лиза, таткото Тим и сестрата Ени да бидат информирани дека болеста се повлекла.

- Имајќи го предвид она низ што помина Рајан, срцето ме боли од помислата на сите оние деца кои се борат со невробластом - вели Лиса.

- Малите деца не заслужуваат да бидат лишени од драгоцениот период од нивното најрано детство, ниту постојано да бидат во опасност од враќање на болеста над нивните глави. Но, потребни се многу повеќе истражувања за да се спречи децата да страдаат како што страдаше Рајан, додаде мајката.

Затоа Рајан учествува во кампања на организацијата Неуробластома Велика Британија, а семејството се надева дека неговата приказна ќе помогне да се соберат потребните средства за истражување на карцином кај деца и да им помогне на другите деца кои се соочуваат со тешка борба.

- Ова е десетти Божиќ што го поминавме со Рајан, а јас порано не верував дека такво нешто ќе биде можно. Секој Божиќ е драгоцен потсетник за нас дека помина уште една година откако Рајан двапати се бореше со таа страшна болест. Мојот син е мојот херој, мој борец и инспирација - вели мајката Лиза.


извор:beograd.in

-Од ова дете се одрече цело село, дури и неговиот дедо: Причината навистина боли
-Херој и борец: Јана е најмладата пациентка во светот која имала ваква тешка операција