Детската игра во урбаниот парк пред Скопје Сити Мол со придобивки за физичкиот и психичкиот развој на децата
Неодамна,
на платото пред Скопје Сити Мол, беше пуштен во употреба нов урбан парк. Со
својата атрактивна локација и посетеност, посетата на трговскиот центар беше збогатена
со нови содржини, бесплатни за сите посетители, кои го збогатуваат и
оплеменуваат нивното секојдневие. Овој пат, се фокусираме на тоа што Скопје
Сити Мол, како општествено-одговорна компанија, им подари на новите генерации преку урбаниот парк
од аспект на физички и психички развој.
Играта им овозможува на децата да ја користат својата имагинација за да ги создадат сите оние светови каде што можат да бидат што сакаат да бидат. Играњето во рамки на урбаниот парк пред Скопје Сити Мол е огромна можност за негување на имагинацијата преку игра – без разлика дали децата ќе “одат низ тунел“ користејќи ја реквизитата “твистер“, или пак ќе замислуваат дека се искачуваат на планина во потрага по скриеното богатство користејќи ја “ДНК“ кулата. Кога децата се чувствуваат слободно да бидат тоа што сакаат со помош на имагинацијата, охрабрени се да креираат ситуации каде што креативноста ги придвижува во насока на развој на вештините за критичко размислување и решавање проблеми. На овој начин децата учат што функционира, а што не, како и кога да продолжат да се обидуваат и кога е време да престанат.
Наспроти играњето во урбаниот парк, кога децата на возраст од 7 или 8 години и повеќе, поминуваат часови допишувајќи се онлајн или гледајќи видеа од шест секунди за забава, тоа не им помага малку да научат како да се справат со задачите кои бараат фокусирано внимание на подолги периоди. Во ваков случај, играта во новиот урбан парк пред Скопје Сити Мол, која може да трае и со часови, помага да се изгради нивното внимание. Децата кои имаат потешкотии да седат мирни или кои не се заинтересирани за задачите кои вклучуваат пишување, можат многу поуспешно да се справат ваквите долгорочни задачи откако ќе имаат шанса да играат надвор.
Со играта на реквизити како “ДНК“ кулата или пак “змија во пејзаж“, децата ги тестираат своите способности на начин кој што не е возможен во затворен простор. Качувањето, нишањето, и сличните активности со помош на новите реквизити им помага на децата да ги развијат своите моторни вештини.
Во урбаниот парк, децата создаваат нови светови, правила и начини на игра кои е тешко или невозможно да се направат дома или во училишната средина. Во овој контекст, опремата и реквизитите во урбаниот парк им помагаат на децата да ја користат својата креативност и да се забавуваат во тој процес.
Додека децата играат во група во урбаниот парк пред Сити мол, ќе забележите дека секогаш едно од децата се истакнува повеќе од другите. Ова е затоа што оваа средина поттикнува од групата да произлезат природни лидери – едно дете може да биде навистина добро во објаснувањето на правилата на играта, додека друго е одлично во организирање тимови. Играта во рамки на игралиштето пред Сити мол им овозможува на различни деца да ги развијат своите лидерски вештини истовремено.
Активноста на отворено и играњето во овој нов простор придонесува и кон намалување на прекумерната тежина кај децата. Поттикнувањето на децата да играат надвор најмалку еден час дневно помага да се намали тежината и да се стимулира нивната физичка и емоционална благосостојба. Со поминување на повеќе време на отворено во игра, децата го градат и развиваат својот имунолошки одговор, што резултира со помалку денови поминати дома болни. Дополнително, играњето во урбаниот парк барем 20 минути, им олеснува на децата да се справат со домашните и училишните задачи кога ќе се вратат дома. Играта надвор помага кон опуштање и зголемен фокус по завршување на истата, кога е време за пишување на домашните задачи.
Доколку забележите дека вашето дете е вознемирено, фрустрирано и има огромна енергија, време е да го понесете во паркот пред Скопје Сити Мол. Вака, неговата анксиозност ќе се намали, додека пак “вишокот“ енергија ќе биде потрошена на најдобар можен начин. Откако добро ќе се измори, детето кое поминало значително време во паркот играјќи си на отворено, ќе спие многу подобро и ќе создаде навика за легнување порано, додека пак ќе се буди посвежо од децата кои времето го поминуваат најчесто во затворени простории.
Она што е важно е дека со охрабрување на вашите деца да играат неструктурирана бесплатна игра во урбаниот парк пред Скопје Сити Мол, им помагате да ги научат вештините што ќе им бидат потребни кога ќе станат возрасни. Им помагате да научат да размислуваат критички и ги учите како да развиваат односи со други луѓе, да решаваат проблеми, да ги разбираат општествените норми и да развијат лидерски вештини и независност. Им помагате да пораснат во личности какви што се надевавте дека ќе бидат. Придобивките од детската игра во рамки на урбаниот парк се безбројни. За крај, можеби и како најважно – играњето на отворено во урбаниот парк пред Сити мол е забавно!