Девојката на Бред Пит, прошета во најубавиот пролетен фустан: Едноставна и убава, а во ова потсетува на Анџелина

Добивај вести на Viber

Дизајнерката на накит и девојка на Бред Пит има прекрасен стил на облекување. Таа неодамна беше забележана како ужива во шопинг во Беверли Хилс, а фустанот кој го носеше на себе, е полн пролетен погодок.

Во комбинација, носеше чанта од брендот Инес де Рамон во комбинација со салонки во неутрална боја.

Инаку овој фустан може да се комбинира со патики, балетанки, поелегантни влечки, за соодветно да изберете други детали.

Модните избори на Инес де Рамон добиваат комплименти секој пат, а има интересна линија помеѓу нејзиниот стил и оној на поранешната сопруга на Бред Пит, Анџелина Џоли. И двете претпочитаат поедноставна облека, а елеганцијата е нивниот клучен моден стил.

Врската помеѓу Бред Пит и Инес стана позната минатиот месец кога се појавија на концертот на Боно во Њујорк. Изгледаа многу блиски, како вистински пар, а блиски луѓе на актерот изјавија дека оваа дизајнерка на накит стана важен член на „тимот на Бред“. Нивните пријатели велат дека се работи за многу сериозна романса.

Бред Пит беше во брак со Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, со кои има шест деца.

Фото:Profimedia