Девојката на најбогатиот човек на планетата има нови, гигантски гради и гордо ги покажа: Го хипнотизираше цел Холивуд

Добивај вести на Viber

Синоќа се одржа 95-тото доделување на Оскарите, најважната и најгламурозната вечер во годината во светот на филмот, а по церемонијата се одржа и традиционалната забава на магазинот Vanity Fair, која го собра самиот крем на Холивуд и најмногу познати фаци на шоу-бизнисот.

На оваа забава пристигна и Џеф Безос, третиот најбогат човек на планетата, придружуван од неговата девојка Лорен Санчез, од која практично не се разделува од денот кога ја објавија врската.

Милијардерот избра класичен црн костум, комплетирајќи го со машна, но неговата избраничка ги привлече сите погледи во прилично смелa тоалетa којa наиде на бројни реакции на социјалните мрежи, не оставајќи никого рамнодушен.

Атрактивната 53-годишна девојка се појави во гламурозен црн фустан, чиј горен дел е во форма на боди, а долниот е целосно проѕирен, но украсен со специфична работа, поточно вертикални и хоризонтални пруги со светки.

Foto:Profimedia


И овој тоалет е украсен со навистина впечатливо деколте кое ги откри бујните гради на оваа водителка, а мораме да признаеме дека треба да имате море самодоверба за ваков фустан - Лорен знаела дека ќе биде во центарот на вниманието.



Изгледот го комплетираше со едноставни сандали со црни прерамки, и дијамантски прстен и нараквица. Дали ви се допаѓа нејзиниот моден избор?

View this post on Instagram

A post shared by Normalse Tamam (@normalsetamam)

FOТО: Инстаграм