Диџеј Никифор стана татко: Мекици со диџеј сет, а гости познати градски ликови

Никифор Стоилков или диџеј Никифор стана татко, се роди неговата ќерка Мелоди. Блиските пријатели на Дј Никифор на социјалната мрежа Инстаграм споделија фотографии од забавата по повод раѓањето на Мелоди.

Наместо народна музика, чалгии или бенд, диџеј Никифор направи мекици во свој стил со диџеј сет.

Прва заедничка фотографија со тато Никифор објави пејачката Тамара Тодевска. А со неа заедно и нејзиниот партнер Лука и блиската пријателка Александра Бела.

„Добредојде Мелоди“, напиша пејачката на фотографијата.

Честитки за ќеркичката пристигна и од инфлуенсерката Миа Костова.

Фото: Инстаграм