Дијана од Тетово по две години лекување, го победи ракот на матка: „Нема поубаво утро од ова изминативе две години“

Добивај вести на Viber

Дијана Димчевска Наумоска од Тетово која две години боледуваше од рак на матката, ја доби најтешката битка во животот.

На Фејсбук објави статус со кој информираше дека последната контрола која ја направила потврдила дека се изборила со канцерт на матка.

„Добри људи најдобри!Немам поубаво утро од ова изминативе две години! Фала му на Бога и сите светци, со Ваша несебична помош, резултатот од операцијата покажа дека сме се избориле со канцерот на матка. Продолжувам со терапијата да ја држиме болеста под контрола и понатака“, напиша Дијана.


Дијана е млада мајка на две дечиња и сопруга. Во октомври месец започна лекување со имунотерапија во Турција. На Дијана и беа потребни финансиски средства за да го продолжи лекувањето, па помош побара од хуманите граѓани.

Дијана за Женски магазин, ја раскажа нејзината борба со оваа опака болест.

„Мојот пат е тежок и трнлив, ама чекорејќи го, никогаш не ја заборавам насмевката дома. Дури ни по болничките ходници!“- Дијана Димчевска Наумоска за Женски магазин

Фото: Фејсбук