Дилемата е решена: Кога и зошто им се менуваат очите на бебињата?

Прочитајте го сето она што треба да го знаете за тоа зошто и кога се појавува вистинската боја на очите на бебињата...

Голем број бебиња кога се родат имаат сина боја на очите, но малку подоцна ја добиваат својата лична боја која ќе ги следи цел живот.

Голема е шансата дека детето ќе ја наследи бојата која ја имаат двата родители, но тоа не е правило.

Пингмент од кој зависи бојата на очите

„Кога ќе се раѓаат бебињата, особено оние со светла кожа, имаат светла боја на очите, поради многу малку меланин во нивните очи. Меланинот е пигмент кој им дава боја на очите, кожата и косата. Количината на меланин во обоениот дел од окото, одредува каква боја на очите ќе има личноста“ - објаснува детскиот офталмолог Даглас Фредрик.

Генетиката одредува колку меланин или пигмент ќе има личноста во своето тело. ДНК која бебето ја прима од родителите одредува дали ќе има кафени, сини, зелени или друга боја на очите. Детето може да се роди со сини очи, бидејќи очите понекогаш не произведуваат многу или воопшто не произведуваат меланин додека бебето е во матката. Меѓутоа, по раѓањето, светлината го стимулира производството на меланин, поради што бојата може да се менува со текот на времето.

„Бојата на пигментот не предизвикува промена. Нема син, кафен или зелен пигмент во окото“ - истакнува офталмологот и додава дека единствениот пигмент што го имаме во нашите очи е кафеавиот, а количината на тој пигмент одредува дали нечии очи се посветли или потемни.

Едниот родители има кафени плус другиот родител е исто така со кафени очи, па се добива заклучот дека детето ќе има кафени очи, зарем не? Да, но не секогаш. Постојат повеќе гени во нашето тело кои придонесуваат за бојата на очите. Дури и доколку двајцата родители имаат кафени очи, можно е бебето на крајот да има сини очи, ако родителите имаат гени за сини очи некаде во генетската конституција, односно ако имат мутиран ген шот може да се пренесува низ генерациите како рецесивен.

Никој не може да знае каква боја на очи ќе има детето кога ќе порасне

„Бојата на очите на бебињата не зависи само од бојата на очите на мајката и таткото, туку и од бојата на очите на бабите и дедовците“ - нагласува офталмологот.

Поради тоа, доколку вие и вашиот партнер имате кафени очи, а вашето бебе зелени, можно е да ги има наследено од бабата или дедото.

Дури и доколку сте ги провериле и табелите и калкулаторите за бојата на очите на вашето неродено бебе, немојте да мислите дека сите тие предвидувања се цврсто одредени.

„Никој, вклучувајќи ги и лекарите, не може да ја предвиди бојата на очите ќе има детето кога ќе порасне“ - објаснува офталмологот и додава:

„Сето тоа е генетика, ништо повеќе. Но, треба да се запамети дека доколку бебето е родено со кафени очи, тоа значи дека веќе има количина на меланин утврдена со генетскиот код, односно бојата на очите на детето нема повеќе да се менува“.

Трајна боја на очите до една година

Експертите велат дека најголемата промена најверојатно следува во периодот од 6 - от до 9 - от месец од животот. Во тие неколку недели и месеци, може да забележите дека бојата на очите на бебето станува потемна.

„Промената е толку постепена што можеби нема ни да го забележите сето тоа додека еден ден вашето дете не се разбуди со поинкава боја на очите“ - објаснува офталмологот.

До 12 - от месец, поголемиот број бебиња веќе ја имаат својата трајна боја на очите, иако д-р Фредрик зборува дека кај некои деца бојата на очите може да се менува до шестата година. Сепак, таквите случаи се ретки и промената не доаѓа преку ноќ.

Во секој случај, бојата на очите на бебињата ќе се промени без никакво влијание на видот или некој друг проблем со очите. Но, доколку бојата се промени само на едното око или доколку забележите дека очите на бебето се матни, секако посетете педијатар или офталмолог за деца.

Извор: prva.rs