Динерс Клуб Македонија внимава на вистинските културни вредности: Годишниот календар го посветија на графичката уметност
Со цел поддршка на македонските културни вредности, Динерс Клуб Македонија секоја година изготвува уникатен годишен календар. Низ годините на страниците на календарите беа промовирани дотогаш необјавени „unseen“ дела и фотографии на почитувани македонски уметници и артисти, како и фотографии од култни настани на кои се темели македонската филмска и театарска сцена.
Во подем на дигитална графика и технолошки условено време, Динерс Клуб Македонија, календарот за 2021 година, го посвети на графичката уметност. Календарот содржи 13 уникатни графики на веќе афирмираниот македонски графичар, уметник и дизајнер Зоран Кардула.
Динерс Клуб Македонија, како општествено одговорна компанија со искуство повеќе од 25 години, секогаш има за цел да делува кон препознавање и вреднување на вистинските културни вредности. Уметноста како производ на човековата активност, сплет на емоција и талент, отсекогаш била вреднувана и често наоѓа место за промоција во активностите на нашата компанија. – вели Божидар Јанковски, извршен директор на Динерс Клуб Македонија.
*ПР објава