Дневен хороскоп: Водолиите нека внимаваат со парите, Овните нека не се залетуваат во нови љубовни авантури
Овен
Ќе ве заинтригира некоја нова личност и моментално ќе се обидувате да се насочите кон тоа. Не се залетувајте во новите љубовни авантури, особено ако уште ги немате решено работите со некој од минатото. Спомените кои ве мачат, може да станат препрека за нова романса.
Бик
Конечно би можеле да ја донесете одлука која долго ја одолговлегувате. Кога еднаш ќе се решите и победите себе и својата неодлучност, ќе сфатите колкава убавина има во преземањето одговорност. На тој начин ќе си подарите слобода, како на себе, така и на партнерот.
Близнаци
Сонувате, страствени сте и полни со идеи, па големи се шансите дека тоа добро ќе го уновчите. Меѓутоа, за да остварите некои поголеми цели ќе мора нешто да жртвувате, а тоа најверојатно ќе биде поврзано со вашиот приватен и љубовен живот.
Рак
Можете да сметате на поддршката од пријателите, бидејќи во изминатиот период со своето заложување и пожртвуваност го заслуживте тоа кај нив. Ве очекува потпишување на важен договор со кој вашата професионална кариера ќе тргне во друг правец.