Дневен хороскоп за вторник: Еден знак ќе „падне“ во страстна авантура
ОВЕН
Материјалната ситуација денес ќе биде во прв план. Во главата почнуваат да ви се вртат големи суми пари, и денес ќе размислувате за купување на недвижности. Можеби е рано за така крупни планови, но не е лошо да бидете подготвени за убавите времиња кои доаѓаат. Партнерот деновиве е дезориентиран и тешко се вклопува во вашите планови. Иако тешко му оди да се фокусира на одредени работи, сепак, покажува доза на ароганција.
БИК
Многу сте избирливи кога е работата во прашање и не се задоволувате со нешто мало. Имате голема самодоверба, и денес нема да прифаќате никакви совети, без разлика дали сметате дека се добри или не. Бидете внимателни со пријателите. Може да се случи некој од нив да ве изманипулира. Партнерот е обземен со работа и не ви посветува доволно внимание. За среќа, вие умеете и сами да си угодите купувајќи скапи играчки или занимавајќи се со некое хоби.
БЛИЗНАЦИ
Не сте во состојба да влијаете врз ситуацијата на работното место. Се чувствувате како да сте во стапица, и сè она што сте го испланирале, стои во место. Освен со работата, имате проблем и со комуникацијата. Ова не е време за почнување нови работи и за потпишување договори. Ако е можно, одложете ги работите за десетина дена и бидете трпеливи. Оваа состојба е привремена и нема да има големо влијание врз вашите резултати. Партнерските односи ви се променливи и не знаете како да се однесувате кон критиките на партнерот.
РАК
Доколку имате сопствен бизнис, работите нема да се одвиваат во правец кој ви одговара. Ќе имате чувство дека сè стои во место и ништо не можете да придвижите, иако вложувате голем напор. Доколку работите со партнер, бидете внимателни во комуникацијата и не дозволувајте да влезете во конфликт. Денес е можна помош од место од кое најмалку очекувате да ја добиете. Партнерот се наоѓа во опуштена фаза но, како и секогаш, му треба многу време за размислување, пред да донесе некоја одлука. Обидете се да го прифатите таков каков што е.
ЛАВ
Денес ќе чувствувате внатрешен мир кој многу ќе ви помогне да донесете вистинско решение. Послушајте ја интуицијата и одговорете позитивно на предлогот од еден ваш пријател. Доколку сте невработени, можно е да добиете шанса за вработување во некоја институција која има долга историја. Партнерот е оптоварен со работа, и таа негова ангажираност го прави нервозен. Од вас зависи дали работите ќе се одвиваат во поволен правец или не.
ДЕВИЦА
Имате многу работа и не можете да постигнете сè што сте зацртале. Од друга страна, проблем ви прават и колегите кои воопшто не учествуваат во заедничките проекти. Како се зголемува работата така се зголемува и нивниот отпор кон вас. Најдобро е да се повлечете и да почекате десетина дена за да се смири ситуацијата. Во овој период, што и да правите, нема да наиде на добар одѕив. Партнерските односи ви се паднати во ќор-сокак, и ќе ви треба многу голем напор за да ја санирате ситуацијата. Не префрлајте ја вината само на другата страна.