ДНК ќе помогне во плаќање на казните за возење со стара возачка дозвола: Панчо и Андреј огорчени од новиот закон

Добивај вести на Viber

Фото: В.Тануровски

Дуото ДНК со свој уникатен коментар за она што е најактуелно деновиве, односно тоа што МВР објави дека за секој оној кој ќе управува со возило, а нема да има променета возачка дозвола со новто име, ќе се постапува по закон.

„Драги наши сограѓани, Македонци.

Во мое име и името на Андреј односно DNK, сакаме да ви кажеме дека секој оној наш сограѓанин што ќе добие казна за возење со старата возачка дозвола

да ни се обрати за да му помогнеме околу плаќање на истата. Не сме држава, а уште помаклу сме богати, но пред се сме луѓе

и колку можеме ќе учествуваме во неправдата нанесена врз секој наш сограѓанин! 

Апел до секој еден полицаец да се подзамисли кога ќе сака да казни некој шофер за најсмешниот “закон” во човековото постоење и дека тој истиот е негов сограѓанин од кого зема плата!“


Андреј и Панчо се нафаќаат да помогнат во плаќањето на казните кои ќе следуваат, бидејќи како и поголемиот дел од јавноста не се согласуваат со оваа одлука на Владата.