ДНК собраа 690.000 денари за Лео од продажба на статуетката што ја добија на „Златна Бубамара“

Добивај вести на Viber

Панчо и Андреј од дуото ДНК, ја завршија онлајн лицитацијата на статуетката што ја добија на „Златна Бубамара на популарноста“ за песна на година со Врчак за 2023 година и собраа 690.000 денари кои ќе бидат донирани за Леонид Игнов.

„Драги наши, и официјално заврши лицитацијата за помош на Лео, преку која наградата Златна Бубамара на популарноста заврши во рацете на Митревски Кирче од Охрид кој ја даде најголемата понуда во износ од 250.000 денари. Премногу сме благодарни, не само на него, туку и на сите вас кои учествувате во лицитацијата, или ја споделувате со цел да стигне до што повеќе луѓе“, напиша Панчо.

Панчо и Андреј споделија и голема благодарност до сите оние кои дале поддршка и учествувале во оваа хуманитарна мисија за да му помогнат на Лео.

„Луѓе добри. Ви благодариме на сите пораки, но ве замолуваме ова да не го препишувате на мене и на Андреј. Ние не сме херои ниту се осеќаме така. Ние сме деца н народот, и секогаш ќе останеме такви. Сите сме исти само се занимаваме со различни професии. Ова е само еден доказ дека сплотени можеме сѐ! И да знаете вие сте наши херои и ви се поклонуваме до земја. Лео знае денка не е сам!“, напишаа Панчо и Андреј.

Фото: Инстаграм/ Фејсбук