ДО ЧЕТВРТОК СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО: Потоа дожд, грмежи и пад на температурите

Добивај вести на Viber

До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со максимална температура наместа и над 40°C поради што ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури, соопшти УХМР. 

Од утре во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на краткотрајно невреме. За време на викендот нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.

Детали на Фактор тука.