До немажените: Ведрана Рудан со брутални совети како да најдете сопруг
Таа се мажeла четири пати, па вреди да се послуша нејзиниот совет.
Контроверзната хрватска писателка Ведрана Рудан е позната по својот остар јазик, а во нејзината нова колумна ја покрива секогаш актуелната тема „Како да се најде сопруг“.
И овој пат таа остана доследна на својот препознатлив стил, а нејзините совети до идните невести насмеаја многу луѓе.
Бидејќи и самата била во брак четири пати, како што вели, барем на тоа поле има искуство, па затоа своите животни лекции реши да ги сподели со жени кои ја задеваат секој ден со прашања како да се омажи.
Преку смешни анегдоти, Руданова го илустрираше патот од „сингл“ девојка до бурма на нејзиниот домал прст, а нејзиниот текст го насмеа регионот.
Колумната под едноставен наслов „Како да се најде сопруг“ ви ја пренесуваме во целост:
„Бев во Дубровник со Ана пред десет дена. Облечена беше во сребрена вечерна тоалета, затворена скоро до вратот од предната страна, тесни, долги ракави, грбот потполно гол.
Долга црна коса, темни, големи очи, светкави заби, тенка, висока, доктор на науки, триесет и три години. Со нас беше мојот четврти сопруг кој е неуспешно опериран од катаракта на обете очи пред еден месец, па затоа бев поштедена од неговото „лигавење“.
Најдете ми маж, пронајдете ми маж… Не можев отворено да разговарам со неа и не можев постојано да одговарам на истото прашање, па девојки, земете го овој текст како рецепт и не ме гушете повеќе.
Значи, до маж, мислам на вистинскиот маж, може да стигне само омажена жена. И тука е уловот.
Сите млади девојки сакаат oд прва да си најдат некој. Погрешно, погрешно. Сите се или во брак или хомосексуалци и никој од нив не паѓа на немажени девојки.
Тие веќе имаат сопруга дома, некои имаат веќе и бебе, а млада девојка сака и брак и бебе и пелени и врескање ноќе, па треба да се бега од неа побрзо (размислуваат мажите).
Затоа, драги мои, пред да најдете сопруг, мора да се омажите. За првиот на кој ќе налетете. Не е важно дали е паметен, убав или богат. Омажена жена испраќа порака дека сите мажи многу добро ја разбираат. Нејзе никој не и треба, зафатена е.
Ха, секој оженет човек во ваша близина ќе помисли дека вие само мислите на неговиот полов орган, но не, душо, не. Ќе ти покажам што е полов орган, и како е*е. Еден секс од време на време нема да те убие ни тебе ни мене.
Ти омажена,тој оженет... Тоа, мои девојки, тоа! Кога ќе го зграбиш, како мажена жена ќе можеш да бираш затоа што не испраќаш порака на очај, јас барам маж, дај ми маж, сакам маж... бавно обработувај го. Потруди се во хотел, мотел или било каде, дај се' од себе.
Понекогаш не попуштајте, лелекајте му, животот ви е долина со солзи, демек не знаевте што е секс додека не го запознавте него, демек навистина ви е жал што мора да се облечете брзо и да одите кај сопругот да му подготвите ручек. Треба да му дадете до знаење дека освен што се е*ете добро, готвите уште подобро.
„Дали спиеш со него од кога си со мене?" -Секако дека не, љубов. Кога ќе се ослободам од твојот полов орган, ќе одам директно во манастир". „Како мислиш, кога ќе се ослободиш од мојот пенис? Кој зборува за ослободување? “ „Злато“, вашите очи мора да бидат полни со солзи, добро е да ставите неколку вештачки солзи во очите во бањата пред разговорот, но не такви кои предизвикуваат црвенило на очите, „ова не може да трае вечно. Се чувствувам како да се за заљубувам во тебе, а сепак сум мажена жена “.
Никогаш, никогаш и никогаш не спомнувајте дека е оженет и има две деца. Тоа мора да биде неговиот проблем. „Затоа што“, очите мора да се капат во солзи, „мораме да прекинем“. Ставете го јазикот во неговата отворена уста, не премногу длабоко, и исчезнете.
Ако не се јави во рок од седум дена, заборавете на сè и започнете нов лов. Ако се јави… Ете така ќе најдете убав, млад, успешен сопруг.
Тоа има и добри и лоши страни. Добрата страна е што ќе можете гордо да кажете ова е мојот сопруг. Лошата страна е што неговата напуштена сопруга многу брзо ќе најде љубовник, мажите паѓаат на разведени, па неговите деца ќе ви го уништуваат секој викенд, за алиментација, купување патики и плаќање на се' и сешто.
Сакам да речам. Млада си, убава си, образована си, паметна си, што ќе ти е маж, маж од соништата? Пронајдете некој што ќе може да плати за вашите луди соништа, фустани, чевли, чанти и патувања. Пред да му се насмевнете, проверете го неговиот имотен лист.
После еден месец или три, ставете му вијагра во чајот од липа, тестаментот нека го состави вашиот љубовник. Мажите, вистински мажи, оженетите, успешните мажи, се целосно луди по вдовиците. Нивниот статус кажува сè: Не сакам да се омажам, само сакам ***!
Разбирате, девојки? Идеалниот маж е мртов маж“.
извор:zenskikutak.rs-Ведрана Рудан: Во мое време жените имаа право на целулит и старост
-Ведрана Рудан без влакна на јазикот, лута на Фејсбук: Поради текст за коронавирус, го добив последното предупредување