Добиј лаптоп, таблет или смартфон со дебитните картички на Мастеркард од УНИБанка
УНИБанка АД Скопје, веќе има традиција да доделува вредни награди на своите клиенти. Сега, колку почесто купувате со дебитната картичка Мастеркард од УНИБанка, толку Ви се поголеми шансите да сте еден од 33- цата среќни добитници на лаптоп, таблет или смартфон!
”Среќа е да трошиш со УНИБанка“ е името на наградната игра која не е за пропуштање и која ќе трае во период од 19 март до 25 мај годинава. Со секоја направена трансакција од минимум 100 денри со Мастеркард дебитните картички издадени од банката, добивате право да учествувате во играта и една шанса повеќе да освоите награда. Колку повеќе вакви трансакции направите, толку поголема е можноста среќата да е токму ваша!
Наградите ќе се доделуваат на два начина. Прв, по завршувањето на секоја календарска недела, врз основа на изготвена ранг листа со најголем број трансакции, ќе бидат доделени еден лаптоп, еден таблет и еден смартфон. И втор, за корисниците кои направиле најголем број трансакции на месечно ниво и тоа на дадите 29-ти април и 28-ми мај 2021, следуваат исто така еден лаптоп, еден таблет и еден смартфон.
Право на учество имаат сите полнолетни лица кои поседуваат Мастеркард дебитна картичка од УНИБанка. Правилата на наградната игра се во целост објавени на www.unibank.mk! Списокот со добитниците ќе биде објавен на веб страницата на банката и во еден дневен весник во рок од 3 работни дена од денот на извлекувањето на наградите.
Не си го губите времето и вклучете се во играта веднаш!
ПР Објава