Добрила од Дојран наполни 96 години: За Дојранчаката годините се само бројка

Добивај вести на Viber

96 години наполни вчера, најпознатата Дојранчанка, Добрила Ивановска Чабриќ.

Таа пред неколку години учествуваше на познатото музичко шоу „Никад није касно (Никогаш не е доцна)“. Тогаш ја воодушеви публиката, но и жирито и водителот Жика.

Доби е најстарата ветеранка која досега се појавила во популарното шоу, а има енергија на која можат да ѝ позавидат и нејзините млади колеги.

Жената која е жив доказ дека годините се само бројка, доби најубави желби и честитки, да си дочека уште многу, многу родендени.


ФОТО: Фејсбук