Животна училница // Приказни
ДОЦНИ ДОСТАВАТА НА ПОШТЕНСКИ ПРАТКИ: Поштарите најчесто разнесуваат пеш
- 31 Јануари, 2019
Не секој поштар во внатрешноста на Македонија има на располагање возило за разнесување на пратки.
Ова добро го знаат луѓето кои живеат во руралните места во земјата. За нив е важно да ги добиваат пратките навреме, исто како и оние граѓани кои се во урбани средини.
„Ако знам дека треба да добијам некоја пратка, тогаш јас се јавувам во поштата во соседното село, и одам да си ја земам, затоа што возило поштарот нема. Последен пат ми рече дека три пати во месецот добива возило, но едноставно некои пратки не може да чекаат. Не можам јас да чекам кога ќе стигнат пензии, па тогаш да земам документ кој е неопходно веднаш да се достави во одредена институција“, вели жена од кумановско село.
Повеќе на Фактор.мк