Додека се борела со болест, пријателката ѝ го украла мажот: Но таа ѝ сервирала сурова одмазда и се омажила за нејзиниот поранешен
Пејачката Шанија Твен пред неколку месеци го прослави својот
57 роденден, а сега папараците ја уловија со сопругот Фредерик Тибо како
слетуваат на аеродромот ЏФК во Њујорк, по долго патување за да ја прослават
12-годишнината од бракот.
Имено, Шанија и Фредерик се венчаа во 2011 година и оттогаш се во среќен брак, но и двајцата многу страдале пред да ја заслужат заедничката среќа.
Да потсетиме дека животот на Шанија Твен не беше лесен и поплочен само со успех - имаше и болести, разделби, тешки моменти на егзистенцијална криза и сиромаштија, но сето тоа, за среќа, е заборавено бидејќи пејачката во 6-та деценија од животот едноставно блеска. Таа постигна се‘ што сакаше, а неволјите во нејзиниот живот ја направија посилна од било кога.
Како што знаеме, во 1990-тите, Шанија стана секс симбол и една од најпопуларните пејачки во светот, а на сцената се проби со својата единствена комбинација на американски рок и кантри музика. Иако дотогаш тој музички жанр беше резервиран за машки изведувачи, таа реши да стане позната и успешна уште од тинејџерските денови - и успеа.
Така Шанија стана најпродаваниот музичар на кантри музика во историјата, со над 100 милиони продадени албуми. И иако денес е мултимилионерка, пејачката не била секогаш богата, убава и позната. Сосема спротивно. Многумина ја сметале за „грдото пајче“, а таа пораснала во дисфункционално семејство. Нејзините родители се развеле кога таа имала две години, а нејзината мајка потоа повторно се омажила, давајќи ѝ го на Шанија презимето на нејзиниот очув насилник. Семејството едвај врзувало крај со крај. Родителите работеле за ниски, мизерни плати и преживувале со помош на социјална помош.
Алкохолот и сиромаштијата го одбележале нејзиното детство, а таа многу рано сфатила дека ќе мора сама да се бори за се‘ во животот. И уште од мали нозе знаела дека тоа ќе го направи токму преку музиката.
Имено, малата Шанија почнала да пее уште како осумгодишна и тоа за пари. Таа настапувала во клубови за да собере пари за сметките. Кога наполнила 13 години, добила покана да учествува во ТВ шоу, по што се приклучила на локалниот бенд. Сето тоа време трпела навреди на сметка на својот изглед, бидејќи имала криви заби, но сепак не се срамела да застане на сцената и да ги воодушеви сите со својот глас.
Пресвртна точка во нејзиниот живот била средбата со нејзиниот прв сопруг, Мут или Роберт Џон Ланге. Кога случајно запознала јужноафрикански рок продуцент, тој ѝ понудил договор со неговата продуцентска куќа. Со оглед на тоа дека станува збор за човек кој има генијално око за талент, бидејќи работел со диви како Селин Дион, сè до Лејди Гага, Шанија миселела дека ѝ паднала лажицата во медот, барем таа така мислела на почетокот.
Мора да се признае дека под продукциската палка на нејзиниот сопруг сними екстремно добро продавани албуми и ги сними своите најпознати хит синглови, но на крајот тој ја чинеше многу солзи.
Шанија и Мут се запознале во 1993 година, а по само шест месеци врска се венчале. Шанија веќе имаше кариера во подем и беше позната кантри пејачка, но нејзиниот сопруг одлучи да ја претвори во меѓународна ѕвезда. Заедно снимија два албума „The Woman in Me“ (1995) и „Come On Over“ (1997), кои станаа исклучително популарни и слушани низ целиот свет. Може да се каже дека благодарение на овие албуми, Шанаја ја популаризирала кантри музиката меѓу поп и рок љубителите и го стекнала својот легендарен статус.
Токму кога сè во животот на пејачката изгледало идилично, во нејзиниот живот влегла Мари-Ен Тебо, која првично работела за Шанија и Мут како асистент, а на крајот станала најдобра пријателка на пејачката. Мари-Ен станала како член на семејството, а потоа преку ноќ се испоставило дека ѝ нанела нож во грб на Шанија – ѝ го зела сопругот!
Работите да бидат уште полоши, „Кралицата на Кантри музиката“ истовремено се лекувала од Лајмска болест, која ја добила од крлеж. Го изгубила гласот и многу се плашела дека никогаш повеќе нема да може да пее, а токму тогаш, кога била најкревка, нејзиниот брак се распаднал.
Мари-Ен и Мут имале афера која траела со месеци, а Шанија цело тоа време живеела во потполен „мрак“. Отпрвин не сакала да се помири со предавството, но подоцна, во своите мемоари од 2011 година, објавила мејлови кои Мари-Ен ѝ ги праќала за време на нејзините тајни патувања со Мут, за време на кои таа била негова љубовница. Пејачката со многу мака го надмина разводот.
„Тоа беше крај на многу аспекти од мојот живот. Ми требаше многу време за да бидам подготвена повторно да напишам и да снимам нови песни“, изјави подоцна Шанија.
Инаку, Шанија доби син со Мут, за кој мораше да се грижи како слободна жена во најлошите моменти од нејзиниот живот. Мут и Мари-Ен се разведоа од своите сопружници и решија да живеат заедно порано отколку подоцна, а Шанија рече дека посакува никогаш да не ја запознала својата поранешна најдобра пријателка.
Но, иако на почетокот мислела дека никогаш нема да се опорави од болниот удар што ѝ го нанел поранешниот сопруг, Шанија на крајот повторно се заљубила релативно брзо и ја нашла среќата која трае до ден-денес.
На изненадување на многумина, таа почнала да поминува многу време со поранешниот сопруг на нејзината поранешна пријателка, сопругот на Мари-Ен, Фредерик Тибо. Утешувајќи се еден со друг, се заљубиле. Така сфатиле дека љубовниот бродолом ги зближил и им дал заедничка верба за подобро утре. Тие се венчаа во Порторико во 2011 година и се среќни и денес.
Фото: pinterest/ Youtube - screenshoot
Видео: Youtube