ДОДЕКА СИ СЕДИТЕ ДОМА И СИ КОМЕНТИРАТЕ „МИ СЕ СВИЃА, НЕ МИ СЕ СВИЃА“ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА, НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ ДЕКА: - еве што наброја новинарката Офелија Димковска

Добивај вести на Viber

Офелија Димковска, новинарка, преку социјалната мрежа фејсбук го коментира критикувањето од некои граѓани за свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.

„Немојте да заборавите дека, додека си седите и си коментирате Олимпијада 'ми се свиѓа не ми се свиѓа', како да сте направиле нешто (по)добро, живеете во земја во која:

1. Од кафаните во туристичките центри само во една инспекција беа фрлени 9 тони расипана храна

2. Дека од вести со часови се пренесува во живо гасење на пожари со детално објаснување, се разбира пожарот е во позадина некаде, а и тие што гасат речиси со голи раце.

3. Од петте најбогати луѓе во Македонија двајца се трговци од оние маркети каде што храната мириса на прашок за перење зашто на исто место се чуваат

4. Дека нови политичари парадираат налицкани и манипулираат дека одеднаш нема пари за ништо освен за нивните плати што уредно ќе си ги земат на први во месецот.

Целиот текст на ФАКТОР