,

Доење во јавност - скандал, насилството нормално: Мајка која дои среде продавница предизвика бура на Твитер

„Ако јас можам да јадам сред продавница за храна, не знам зошто и бебето не може да јаде и кој е точниот проблем. Па не ми паѓа на памет да слушам новороденче како плаче само затоа што на некој би му било непријатно да гледа додека го хранам своето бебе“.

Џени Тамас се најде во ситуација позната за многу мајки.
Отишла на шопинг со својата ќерка Лили, а наскоро малото девојче било гладно. Џени решила да ја нахрани среде продавницата Икеа за да ја смири својата ќерка.

"Можеби изгледам недопирливо овде, кога станува збор за доење на јавно место, но се обидував да најдам празен премин за да ги избегнам погледите на луѓето. Како да правам нешто од што треба да се срамам.
Помина семејство од пет или шест члена и не престанаа да гледаат и шепотат. Па почнаа да се смеат. Се чувствував понижено. Јас сум од оние луѓе кои си повторуваат ситуации во главата одново и одново, безброј пати и постојано се обидувам да најдам одговори. Што требаше да кажам? Дури не на нив, туку на мене и на Лили“, ја раскажа Џени својата ситуација на Инстаграм.

Таа исто така објави фотографија со цел поверно да ја прикаже сцената и собра над 12.000 лајкови и илјадници коментари.


Инаку Џени е инфлуенсерка и поборник за доење во јавност и често споделува фотографии како ги дои своите деца. А дискусијата за доењето на јавно место започна и на Твитер.

Едни се противат на доењето на јавни места, други го поддржуваат:

„Ако не се сликате како доите бебе на јавни места, луѓето нема да знаат дека е многу важно да ги хранат бебињата и тогаш ќе имаме еден куп гладни бебиња насекаде“, 

„Не е баш во ред тоа да се прави насекаде во јавноста. Доењето на јавни места е во ред, но не дека треба да биде среде супермаркет", гласат некои од коментарите, други пак велат:

„Ако можам да јадам сред продавница за храна, не знам зошто бебето не може да јаде и што точно е проблемот. Не ми паѓа на памет да слушам плач на новороденче само затоа што на некој му било непријатно додека го хранам своето бебе. Не господа!“

„Доењето во јавност е скандал во нашата земја, но ударот по задникот во автобусот е сосема нормално“, е друг од коментарите за поддршка на Твитер.

Доењето во јавност е очигледно сè уште табу поради некоја непозната причина. Прашањето е каде е проблемот кога зборуваме за доење во јавност, и што е неприродно во врска со тоа, дали има причина да биде непријатно?

Кој е вашиот став за доење во јавност?

извор: wanted.mondo.rs

-(ФОТО) Софија Мило дои на ручек во јавност: Модерна мајка и пресладок син
-Кралица на мултитаскингот: Жената на Алек Болдвин мие заби, го дои детето и прави селфи