Докторе, сакам да абортирам, помогнете ми: Емотивна приказна на една мајка

Добивај вести на Viber

Една загрижена жена го посетила својот гинеколог и му рекла:
„Докторе имам сериозен проблем и очајно имам потреба да ми помогнете! Моето бебе уште нема 1 година, а јас повторно сум забременила. Не сакам децата да ми се родени толку блиску, едно по друго.“

Докторот рекол: „Добро, што сакате да направам?“

Таа одговорила: „Сакам да ја прекинам бременоста и сметам на вашата помош во врска со тоа“.

Докторот се премислувал малку и по извесно време и рекол на жената: „Госпоѓо, мислам дека имам подобро решение за вашиот проблем. Тоа истовремено e дури и помалку опасно за вас.“
Жената се насмевнала, мислејќи дека докторот го прифатил нејзиното барање.

Потоа продолжил: „Знаете, за да не се грижите за две бебиња во исто време, ајде да го усмртиме тоа што го држите во рацете. На тој начин, ќе може и малку да се одморите додека да се роди второто бебе. Ако веќе убиеме едно од нив, нема врска кое ќе биде. Нема да има ризик по вашето здравје ако го убиеме тоа што го држите во рацете.“

Жената престрашено извикала: „Не докторе! Каков ужас! Па, криминал е да се убие дете!“

„Се согласувам,“ одоговорил докторот. „Ама вам ви изгледаше тоа нормално, па јас го предложив она што ми изгледаше подобро решение за вас.“
Докторот се насмевнал, откога се уверил дека таа ја разбра неговата поента.
Тој успеа да ја увери мајката дека нема разлика во убивањето на дете што веќе е родено и она што е во утробата на својата мајка. Криминалот е ист!