„Црни коси ветар да ги носи“: Антониа ја смени фризурата-ваква не била никогаш досега

Добивај вести на Viber

Обично девојките кога сакаат да променат нешто на себе, промената ја започнуваат со бојата на косата.

Токму таква драстична промена направи македонската поп-пејачка Антониа Гиговска која долгата руса коса ја замени со црна боб фризура.

„Антониа и црна коса?“, напиша на нејзината инстаграм приказна.

Пејачката најави дека работи на нови проекти, па ваквата промена на нејзината коса која најверојатно е перика можеби е за потребите на некој од нејзините проекти.

Антониа најави дека подготвува нови песни и соработки. Една од нив е повторно дуетска песна со „2Бона“ за која подготвуваат и спот.

Но и настап на најреномираниот музички фестивал во земјава „Макфест“. Пејачката повторно ќе запее оваа година со песната насловена „Жена“.


Фото: Инстаграм