,

Долги години беше борец на терен, а денес води борба за своето дете: Андријана Будимир за синчето со аутизам

Андријана Будимир долги години беше борец на терен, а денеска води борба, за своето дете со аутизам, но и за сите други родители кои имаат деца со попреченост.

Поранешната ракометарка Андријана Будимир е тренер за млади во својата школа за ракомет.
А со нејзиниот сопруг Јохан, се родители на седумгодишниот Максим.
 

Максим е дете со аутизам, а за неговите и потребите на сите деца со попреченост зборува мајка му Андријана, која апелира дека родителите се тие кои први треба да се едуцираат, а потоа своите знаења да ги пренесат на своите деца за да знаат дека тие деца со попреченост не треба да се одбегнуваат, туку треба да се однесуваме еднакво со нив.
Таа зборува и за потребата од наставник по физичко образование кој ќе биде задолжен само за деца со попреченост, за да бидат комплетно инволвирани во наставата по физичко образование бидејќи физичката активност помага на децата со аутизам полесно да се вклучат во наставата и да комуницираат.

ВИДЕО: