Допрва има големи планови: „На 74 години сум во најдобрата форма во животот, а секој ден јадам колачи и пијам вино, ова се моите 2 најважни правила“

Добивај вести на Viber

Норма Вилијамс од Ливерпул вели дека сега има повеќе енергија отколку кога била тинејџерка и нејзиниот младешки сјај го припишува на верувањето дека никогаш нема да остари.

Денес живее во Италија, каде што ужива во секојдневните прошетки од девет километри и редовно вежбање. Но, благодарение на нејзиниот одличен изглед и став, амбициите на Норма се да стане модел и да ја освои модната писта.

Иако лекарите и велат дека на 74 години има здравје и кондиција како 20-годишник, таа признава дека во своите 20-ти години се борела со вишокот килограми и прејадување.

View this post on Instagram

A post shared by Norma Williams (@spoletorentals)



Амбициозната Норма верува дека размислувањето е клучно, изјавувајќи дека никогаш не почувствувала дека годините што минуваат треба да и диктираат што ќе прави со нејзиниот живот. И секоја година таа продолжи да напредува за да ги оствари своите соништа.




„Ако се пензионирате и не правите ништо повеќе во животот, тоа е како да сте со една нога во гроб. Важно е да се задржи авантуристичкиот дух и да разберете што се случува во денешниот свет“, додава Норма. Таа не сака да прифати дека светот им припаѓа на младите, како што тврди мнозинството и вели дека улогата на постарите во нашето општество е да бидат пример за помладите. Додава и дека младите и приоѓаат и велат дека сакаат да личат на неа кога ќе остареат.

View this post on Instagram

A post shared by Norma Williams (@spoletorentals)



Таа признава дека луѓето се шокирани кога ќе ја дознаат нејзината возраст, а љубопитните често ја прашуваат колку години има. „Но, бидејќи изгледам толку добро и се разликувам од стереотипната слика што ја имаме за постарите, на луѓето им е тешко да поверуваат“, објаснува таа. Норма, исто така, нагласува дека не им пркосела на годините – всушност тоа само ѝ користело. Не покажува знаци на стареење, напротив – со возраста е побрза и има повеќе енергија.

На 17-годишна возраст Норма се преселила во Лондон и започнала кариера како модел, но не успеала кога почнала да се дебелее. Таа поминала години во прекумерно јадење, а ѝ биле потребни три децении за конечно да добие контрола над својата храна. Сега е на прилично опуштена диета. „Мојот појадок се состои од интегрални кроасани исполнети со мед и шолја капучино. И понекогаш пијам по две или три капучина на ден“, вели таа. Пие и шест шолји чај дневно, секоја со две лажички шеќер, но нејзиниот голем порок се бисквитите, кои многу ги јаде.

View this post on Instagram

A post shared by Norma Williams (@spoletorentals)



Таа признава дека нејзината исхрана не е совршена, но ги сподели нејзините две златни правила. „Никогаш не јадам пред вежбање и прошетка, што понекогаш значи дека не појадувам до 15 часот и никогаш не грицкам меѓу оброците“, објасни таа.

Нејзината вечера се состои од мешани јаткасти плодови, месо и сирења, интегрален леб, лосос или ракчиња на скара, компири и зеленчук. Секоја вечер пие и цело шише вино. Но, иако ужива во задоволствата и инсистира дека никогаш не брои калории, Норма е категорична за одржување на активен режим на вежбање. Таа станува рано секое утро од понеделник до петок за да ја извршува својата дневна рутина за вежбање. После тоа оди на брза прошетка која трае 90 минути, при што поминува околу 9 километри. Таа секогаш одмара за време на викендите.

Сега Норма има амбициозна цел како и секој 20-годишник: да ја освои модната писта. Нејзиниот врвен сон е да прошета на модната писта во Милано и да му покаже на светот дека постарите луѓе можат да изгледаат одлично.


ФОТО: Printscreen/Instagram