Достојна наследничка на својата мајка: Ќерката на Синди Крафорд го „запали“ црвениот килим во мини златен фустан, убава како божица (ФОТО)
На забавата на британскиот Вог, една од најзабележителните беше Каја Гербер.
Меѓу гостите на модната и филмската забава на британскиот Vogue и Tiffany & Co., одржана по доделувањето на британските филмски награди, беше и 22-годишната Каја Гербер, една од најбараните модели на денешницата и ќерка на еден од најпознатите супермодели на сите времиња, Синди Крафорд.
Убавата бринета на забавата пристигна во фантастичен стајлинг, металик златен мини фустан со предимензиониран украс на градите.
Спектакуларниот фустан е изработен од поединечни метални златни ленти со светки, додека украсот создаде ефект на сечкани реси. Креацијата ја потпишува париската модна куќа Селин, а со неа Каја носеше минималистички златни потпетици со ремчиња.
Со пуштена коса со благи локни и нежна шминка, таа многумина потсети на легендарните фотографии на нејзината славна мајка од деведесеттите.