,,Доволно молчев''

Добивај вести на Viber

„На ова завршуваме, од сега ќе е различно, навикни се така и молчи. На сè што ќе кажам, ти молчи. И ќе биде подобро.“

,,Доволно молчев''

Доволно молчев. Предоволно.

Предолго голтав и го трупав тоа ѓубре во себе.

И сè поради тебе. Сè поради тоа што ти сакаше.

Како да ми кажа

„На ова завршуваме, од сега ќе е различно, навикни се така и молчи. На сè што ќе кажам, ти молчи. И ќе биде подобро.“

И ми го вети тоа подобро.

Денес, јас го рециклирав сето ѓубре во мене.

До тој степен што и заборавив целосно на него.

Како да не постоело.

И не сум добро.

Не сум подобро.

Сега сум најдобро.

И кога конечно се ослободив од тоа ѓубре,

од сета омраза во мене,

и кога ти простив за сè што ми стори,

ти почна од почеток.

Почна со твоите глупости.

Почна да ми го трупаш повторно истото ѓубре

и топката повторно ми ја префрли мене.

И повторно сум јас највиновниот,

повторно јас сум крив,

повторно во мене е вината,

повторно мене ме обвинуваш.

И тогаш, како да ми рече

„Ајде од почеток, можеш. Мораш. Престани да молчиш и доближи ми се. Пак сакај ме.“

И во миг кога токму сум најдобро,

ти давам простор да ме изманипулираш со твоите зборови и постапки

и да почнам повторно да верувам во вистина која не постои на овој свет.

Паднав.

Психички паднав.

Крај, си реков.

А ти продолжи

„Како можеш вака? Ти си виновен.

Ти бев дом. Ти ми беше дом. Но, ти ме исфрли од твојот.“

И како јас да сум највиновниот,

како јас да ти кажав да си одиш од срцево.

Самиот си замина.

Самиот си предодреди судба.

И кога виде оти кај другите е ладно,

Повторно сакаш да се вратиш во моите комори.

Дали моето срце е играчка?

Само прашувам.

И стравувам.

Стравувам од тоа што со љубов можеш повторно да ме добиеш.

За Женски Магазин - поетот Јован Илиески

Инстаграм:  ilieski_quotes