Дозна дека има неизлечив рак, па им напиша проштално писмо на најмилите
На Бејли Џин Матисон од Канада во 2017-та година и дијагностицираа редок и неизлечив рак на мускулите- Leiomyosarcoma. Имаше болки во желудникот кои лекарите не можеа да ги објаснат, а ракот го дијагностицирале кога пронајде грутка во стомакот.
Лекарите се надеваа дека ќе и го отстранат туморот со зрачење, но лекувањето не успеа да го намали, а операцијата беше премногу ризична. Бејли можеше да проба со хемотерапија, но лекарите веруваа дека тоа нема да и го спаси животот. И предвидуваа две години живот, а таа реши да ги помине на најдобриот можен начин.
Патуваше во 13 земји вклучувајќи ги Ирска, Англија, Норвешка, Мексико, Франција, Мароко, Грција и Шпанија. Истотака отиде на два концерта на својата омилена група „Колдплеј“.
Бејли освен тоа, сама напиша свое проштално писмо, кое е објавено неколку дена по нејзината смрт.
„35 години можеби не се чинат како долги, но беа проклето добри! За моите родители, ви благодарам што ме поддржувавте мене и моите одлуки во текот на целиот мој живот. Се сеќавам дека мама велеше дека да се изгуби дете е најтешкиот губииток низ кој родителот може да помине. Моите родители ми дадоа најголем подарок со тоа што ја поддржаа мојата одлука да се откажам од хемотерапија и ми дозволија да го проживеам остатокот од животот онака како што верував дека треба. Знам колку им беше тешко да ме гледаат како престанувам со лекување и дозволувам на природата да донесе одлука. Поради ова, ве сакам двајцата уште повеќе.
На своите пријатели, со оглед на тоа дека бев единица, секогаш ги ценев своите пријателства повеќе од се бидејќи немав ни браќа ни сестри. Никогаш не мислев дека можам да ги сакам моите пријатели уште повеќе, но поминувајќи низ се ова со вашата безусловна љубов и поддршка, направивте нешто што е иначе тешко подносливо- помирно. Ви благодарам и сите многу ве сакам.
За мојот Брент, дојде во мојот живот само три месеци пред мојата дијагноза. Немаше поим во што се впушташ тој ден кога премина на мојата страна. Не можев да барам подобар човек кој ќе биде со мене на сите мои авантури, состаноци, со целата таа смеа, солзи и падови. Ти си неверојатна личност и секој во својот живот треба да биде среќен што те познава. Те сакам повеќе од што зборовите можат да опишат.
Ви благодарам на поддршката, донациите, собирањето средства, храна, пораки и јавувања во текот на изминатите две години. Мене тоа ми беше целиот свет.
Посебно благодарам на моите тетки Шарон и Паулет што ме поддржуваа и благодарам на моите лекари, мојот тим, сите мои медицински сестри, мојот социјален работник и мојата болница.
Наместо цвеќе, може да дадете донација на „Melanies Way“ или „Young Adults Cancer Canada“. Детали за прославата за мојот живот следуваат подоцна. Не ги сфаќајте малите работи толку сериозно и живејте малку.“