Дознајте на кое ниво на развој сте: Фројд тврдел дека зрелите луѓе ги имаат овие 7 особини
Во текот на
животот стануваме емотивно позрели, развиваме самодоверба, се стремиме кон
сериозна врска и го подобруваме сопствениот живот
Единствената личност со која треба да се споредувате во животот сте вие самите вие, гледајќи во минатото. А единствената личност од која треба да бидете подобри сте вие, сега, изјави австрискиот психијатар Зигмунд Фројд. Во текот на животот стануваме емотивно позрели, развиваме самодоверба, се стремиме кон сериозна врска и го подобруваме сопствениот живот.
Подолу е листа на карактерни црти составена од следбениците на Зигмунд Фројд, која може да се користи за да се одреди емоционалната зрелост на една личност:
1. Способност за прифаќање на конструктивна критика
Ова е многу важен квалитет за правилна проценка на сопствените силни и слаби страни. Треба да бидете спремни да ја слушнете вистината, а не да ја негирате. Бегањето од проблемите или преправањето дека тие не постојат нема да ве ослободи од постоечките тешкотии. Кога на луѓето им е тешко да ја согледаат реалноста, спасот го бараат во илузиите, кои на крајот водат само до разочарување.
2. Способност за прилагодување на промените
Промената не е секогаш лесно да се направи. Таа може да го сврти целиот свет наопаку и да предизвика стрес. Може да ги променат и вашите планови, социјалниот статус, местото на живеење и многу повеќе. Мора да бидете во можност да се прилагодите на промените и да не се нервирате со тоа што ќе дозволите тие да ве вознемират.
3. Имуни на стрес
Стравовите, внатрешните борби и стресот може да доведат до бројни физички заболувања. Вашето ментално и физичко здравје зависи од тоа колку сте имуни на стрес.
4. Способност не само да се прима, туку и да се дава
Луѓето кои им даваат време, внимание, помош и финансиска поддршка на другите се многу посреќни од другите. Оние кои се повеќе склони само да примаат често се себични и завидливи.
5. Способност да се справите со луѓето со разбирање
Животот е процес на интеракција со луѓето, па затоа е многу важно како ги градите вашите односи. Љубовта и почитта се два клучни фактори кои водат до хармоничен живот.
6. Способност да се пренасочи негативната енергија во конструктивна насока
Многу е важно да можете да ги пренасочите вашите негативни емоции, а не да ги чувате внатре, туку, напротив, обидете се да ги искористите за нешто добро.
7. Способност за љубов
Љубовта е голема сила. Луѓето се раѓаат со способност да сакаат и многу е важно тоа чувство да го носат во текот на животот.