Драгана Мирковиќ му помогнала на овој пејач на почетокот од кариерата: Ѝ должи огромна благодарност

Пејачот јавно и се заблагодари на Драгана, сега е еден од најпознатите поп музичари.

Фолк пејачката Драгана Мирковиќ зад себе има успешна кариера од 40 години, а позната е и по тоа што ги поддржува своите колеги. Таа особено му помогна на еден пејач на почетокот на неговата кариера.

Станува збор за пејачот Жељко Самарџиќ кој секогаш со задоволство истакнува дека е горд на семејството и публиката, но и на кариерата што ја постигнал. Жељко ѝ должи голема благодарност на Драгана Мирковиќ, на која реши да ѝ се заблагодари при заедничкото гостување во емисијата „Магазин ин“. 

Имено, тој и се заблагодари за најголемата поддршка на почетокот на кариерата и порача дека никогаш нема да ја заборави.

-Ако некој заслужува, тоа е Драгана. Секогаш го споменувам тоа, кога почнав во деведесетите, кога првпат се појавив, имав голема поддршка од мојата драга колешка. Таа љубов и почит остана до ден денес - изјави Жељко во емисијата, а Драгана додаде дека љубовта е обострана.


Фото: Youtube - screenshoot

Вакво нешто немате видено: Погледнете го празнично украсениот замок на Драгана Мирковиќ од 50 милиони евра (ГАЛЕРИЈА)