Вакво нешто немате видено: Погледнете го празнично украсениот замок на Драгана Мирковиќ од 50 милиони евра (ГАЛЕРИЈА)
Домот на Драгана Мирковиќ блеска во празнично руво.
Српската позната пејачка Драгана Мирковиќ со години е на музичката сцена. Со својата работа и труд успеала на себе и на семејството да си обезбеди и повеќе од удобен живот, таа е една од најбогатите пејачки во регионот.
Драгана живее со сопругот Тони и децата Мануела и Марко во Виена, во величенствена палата вредна 50 милиони евра.
Замокот Ебенфурт во близина на Виена е оаза на мирот на Драгана, а еден од најинтересните факти за замокот е дека таму некогаш живеела Марија Терезија, која често престојувала таму кон крајот на 17 век.
Драгана не го изложува својот приватен живот во јавноста, но одвреме-навреме имаме можност да видиме како изгледа нејзиниот дом. Сега Драгана го средила во празничен дух и видеото го сподели со своите следбеници на Инстаграм.
Таму можевме да ја видиме нејзината мошне богато украсена елка, но и дел од дворот, влезната врата и капијата, кои се украсени со лента и венци.
Зборувајќи за својот луксузен имот, Драгана еднаш истакна дека не знае колку соби има во нејзиниот дом, но познато е дека замокот има дури 235 прозорци.
- Не знам точно, но ги има многу. Има и огромни сали кои зафаќаат цело крило, а некои дури и две. На вториот кат, во делот од замокот каде што планираме да живееме, има голема сала за бал - рекла таа еднаш.
Таа додала и дека дел од првиот кат сакаат да направат музеј.
- Ќе отвориме дел од куќата за посетители и училишни екскурзии, но немаме намера да наплаќаме влез. Неопходна е и реставрација на сликата на таванот, за што е потребно време, за што ќе бидат задолжени вистински уметници - објасни тогаш пејачката.
Инаку, домот на Драгана претходно сакаше да го купи шеик за дури 200 милиони евра, но Драгана учтиво ја одби неговата понуда.
извор:GLOSSYЧетирите најпопуларни српски пејачки: Но која годините најмногу ја промениле?(ФОТО)
ГАЛЕРИЈА: