Актуелно // Insta вести
Драгоцен и емотивен момент: Татко и син од Струмица ги скратија долгите коси за донација
- 01 Јуни, 2024
Вистински пример за почит
Струмичкиот фризер Александар Тошев на својот профил на Фејсбук сподели фотографии кои прикажуваат како таткото Васе и неговиот син Александар ги скратиле долгите коси кои ги растеле со години за да ги донираат за перики за дечиња болни од рак.
Секоја чест, браво!
„ По скоро 40-на ишишани коси за донација, денеска ми се случи еден многу драгоцен и емотивен момент. Мојот другар Васе и неговиот син Александар после долги години растење на косите решија денеска да ги донираат за дечиња болни од канцер. Секоја чест и поклон до земја“ - напиша Александар.