Дрогата и операциите ја уништија: Даниела беше позната по убавината, а денес нејзиното лице е деформирано
![](/media/main/2021/11/20211121133550.jpg)
Таа важеше за убава жена, но денес реалноста е поинаква.
Британската актерка и водителка Даниела Вестбрук (47) порано беше позната по својата убавина, но денес изгледа целосно искривено, поради бројните естетски операции и дрогата што ја консумира.
Кокаинот ја оставил без носната преграда која целосно ѝ изгнила.
- Земав дрога додека бев бремена. Се породив на подот од тоалетот и кога започна породувањето, шмркав кокаин. Бев во ужасна состојба, никој не можеше да ми помогне - рече таа во претходно интервју.
Во 2017 година, Даниела призна дека долгите години што ги поминала дрогирајќи се, ѝ оставиле ужасни последици.
„Коските на лицето и непцата ми скапуваат поради дрога, но и поради лошо извршена пластична операција“, рече таа.
Минатата година, се појави на доделување на телевизиски награди со ново лице.
Лекарите ѝ направиле нови јаболчници од коските на ребрата...
Затоа, ги сними повеќето сцени во серијата од горниот агол, но откако на еден настан ја снимија од малку поинаков агол - вистината излезе на виделина, пишува Индекс.хр.
После тоа, таа отиде на шестмесечна рехабилитација од дрога и беше оперирана за реконструкција на носот.
За жал, таа не издржа долго без дрогата и повторно ѝ се врати.
фотографии: profimediaизвор:glossy.espreso.rs