„Откако ја прегазил ќерка ми, возилото го паркирал пред нашата зграда“: Сведоштво на таткото на Фросина
Таткото на прегазената Фросина Кулакова, Тодор Кулаков, во вчерашното гостување на Топ Тема на тв Сител, раскажа што всушност се случувало кобната вечер на Партизанска кога животот го загуби неговата ќерка, Фросина.
„Ние живееме во Дебар маало, тоа е на 200 метри. Фросина како и секоја вечер излезе со кучето. Сите веќе знаат дека таа е моден дизајнер и оваа недела имаше најмногу случувања во Париз“ вели нејзиниот татко.
Била излезена со кучето најнормално, бидејќи водела сосема нормален живот.
„Одеднаш слушаме Брза помош, пискотници... Сопругата и ѕвони, таа не одговара. Ѕвонам јас и мене не ми одговара. Кога родител му ѕвони на дете а тоа не се јавува, нешто се случило.... Пиштат полициски коли, гледаме низ прозор, 20 полициски возила, специјалци, чуда...“, низ солзи раскажува тој.
На прашањето дали Јован, возачот на возилото со кое Фросина беше прегазена бил таму, Тодор одговори „дали е иронија на судбината, не знам, времето ќе покаже, но тој откако ја прегазил ќерка ми, возилото го паркирал пред нашата зграда“...
Извор: ФАКТОР