Техника од 5 минути може да ви го промени животот: Само затворете ги очите и замислете се каде сакате да бидете
Моќната техника на визуелизација за остварување на вашите желби ве поврзува со природата и трае 5 минути.
Техниката на визуелизација е сè попопуларна алатка за манифестирање желби и остварување на соништата. Суштината на оваа техника е следна: реално замислуваме што сакаме и фантазираме за секој детаљ, за звукот, допирот, мирисот, секој детаљ, но и за чувствата што би ги донело остварувањето на таа желба...
Техниката на визуелизација треба да нѐ мотивира да се посветиме на нашите соништа, амбиции и аспирации и да нѐ исполни со позитивна енергија која е важна за законот на привлекување.
Процесот дава најдобар ефект ако се изведува во природа. Имено, невролозите откриле дека зеленилото може да ги ублажи депресивното расположение и главоболката, а познат е фактот дека свежиот воздух го подобрува функционирањето на целото тело и имунолошкиот систем. И покрај тоа што е сè уште студено, техниката на визуелизација овозможува пријатен контакт со природата, а можете да ја практикувате и дома. Како помага техниката на визуелизација? Визуелизацијата е алатка која ни помага да замислиме нешто во животот и потоа да го направиме реалност. Истражувањата покажуваат дека замислувањето посреќна иднина може да ни помогне да бидеме посреќни во сегашноста - бидејќи нашите тела не прават разлика помеѓу ментална проба на некој настан и неговата вистинска верзија. Едноставна вежба за остварување на желбата Оваа едноставна вежба за визуелизација трае 5 минути и може да ви помогне да ги остварите вашите желби и да се поврзете со природата. Прошетајте до блискиот парк или до шума во вашата област, можеби до река. Ако не можете да го направите тоа, визуелизирајте ја природата дома. Седнете удобно, земете неколку длабоки вдишувања и направете вежба за релаксација како на часови по јога или медитација. Опуштете ја главата, мускулите на лицето, а потоа и целото тело. Почнете да броите од 10 повторувајќи си: „10, навлегувам подлабоко во себе... 9, навлегувам подлабоко во себе“ и така до 1. Кога ќе го смирите здивот и ќе го почувствувате вашето тело, станете свесни дека сте во природа или замислете ја природата: замислете дека сте сами, на прекрасно место во природа – покрај река, во шума, на плажа. Тоа може да биде познато место или сосема непознато место - само останете таму некое време. Вклучете ги сите пет ваши сетила, почувствувајте го ветрот на вашата кожа, помирисајте ги цвеќињата, слушнете ги птиците како чврчореат, доловете ги сите бои и форми околу вас. Прошетајте и добро погледнете наоколу, гледајќи како вашата околина се менува со секој чекор. Сега чунете, допрете ја земјата со рацете. Почувствувајте ја нејзината енергија како тече низ вашите раце и потоа замислете желба, донесете на ум одредена желба - природата ќе ви го обезбеди одговорот и слушате додека не дојде одговорот. Што ви кажува природата? Како звучи - уморна и исцрпена или мелодична и весела? Сè што ќе слушнете или почувствувате може да биде симболичен одговор на она што го сакате. Не ги игнорирајте сигналите! Каков и да е одговорот, нека ви помине низ глава неколку пати. Потоа кажете го тоа гласно со свој глас - додека излегувате од визуелизацијата. Земете парче хартија и запишете го одговорот што ќе го добиете. Завршете со запишување уште 3-4 начини на кои би можеле да ги постигнете вашите желби во соработка со природата.