Другарка ми ја најдов на смртна постела: Биба Додева раскажа лична приказна

Добивај вести на Viber

Денеска, 4 февруари е светскиот ден за борба против ракот. Основан е од страна на Унијата за меѓународната контрола на ракот (UICC), како иницијатива со која се зголемува свеста на светското население и како обид луѓето да се обединат со една цел – борба против најсмртоносната болест што постои.

Еден од најголемите борци против оваа болест во Македонија е здружението „Борка“ , чиј претседател е пејачката Биба Додева. Неодамна, на една конференција, Биба раскажа интимна приказна за нејзина блиска пријателка, која починала од рак.

„ Пред неколку години, се слушнав со едни мои пријатели со кои што се немав видено подолго време. Разговарав со сопругот на мојата блиска пријателка. Во неврзан муабет, прашувајќи ги како се и што прават, почувствував дека нешто не е во ред и добив некоја потреба да ги видам. Им реков, чекајте ме, доаѓам кај вас веднаш. Ни на крај на памет не знаев што ме чека таму“, рече Биба во емотивниот говор кој ги растажи присутните.

Биба пред една ипол година ја загуби мајка си, која почина од рак

„ Кога стасав, ја видов другарка ми на смртна постела. Тоа за мене беше голем шок затоа што вооппшто не знаев дека е болна од рак“, продолжи Биба. „Поради истата болест подоцна загубив еден куп драги луѓе, жени кои биле членки на здружението „Борка“ , а пред една ипол година година и мајка ми. И знам дека секој од нив се прашува: Како е можно да се разболам кога редовно одам на преглед? И сите се прашуваат: зошто на мене да ми се случи ова, зошто токму јас? На некои прашања немаме одговор“, рече претседателката на „Борка“.

Таа им порача на сите жени присутни на конференцијата на која зборуваше, дека ќе биде многу среќна ако барем неколку од нив натера да закажат мамографски преглед, поради навремена превенција од несаканата болест. „Без оглед на тоа што многу се чека на ред, вие закажете си, уште веднаш“, рече Додева.

Биба раскажа и дека откако има внук, многу поинаку гледа на животот и повеќе се грижи за своето здравје. 

М.Џаровска