Актуелно // Insta вести
Два концерти на исто место во две различни розеви комбинации-Каролина Гочева го размрда Скопје викендов
Викендов во дикотеката Пјур, поп дивата Каролина Гочева ја размрда скопската публика приредувајќи одлична журка во петок и сабота.
Видеата на социјалните мрежи се доказ дека нејзините обожуватели верно ја следат и уживаат во секој нејзин настап, посебно кога е 1-ви маер, и кога македонското девојче ја изведува истоимената нумера.
За двата концерти, Каролина избра идентични модни комбинации.
Двете вечери воодушеви со розеви кратки фустанчиња и сандали во истата боја.
Со модниот избор, Каролина го истакна згодното тело и уште еднаш покажа дека е ѕвезда од светски калибар.
За шминката и фризурата се погрижил познатиот скопски стилист Октај Сејди.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин официјален профил Каролина Гочева - Октај Сејди