Два пати се разведе од ист маж: Еве каков однос има сестрата на Наташа Беквалац со поранешниот сопруг

Добивај вести на Viber


Кристина Беквалац, сестрата на Наташа Беквалац и модна дизајнерка, двапати се разведува од истиот маж.

Кристина Беквалац на оваа тема коментираше само еднаш, а тоа беше на нејзината приказна на Инстаграм како дел од прашањата на нејзините следбеници.

„Зошто се разведе?“ праша еден од нејзините следбеници.


- Затоа што веќе не ни беше убаво – кратко и јасно одговори Кристина. По ова модната дизајнерка ја коментираше нивната врска.

- Јас и Иво се разделивме во нормални услови и одлично функционираме како родители, а тоа е најважно – напишала тогаш Кристина.

Кристина е разведена од Иво Мартиновиќ, со кој има две деца. Ниту вториот обид за брак не успеа. Имено, двајцата се разведоа пред неколку години, а потоа и дадоа нова шанса на љубовта. Иако имаат две деца, на крајот непомирливите спротивности резултираа со повторен развод.

Фото:Инстаграм