„Двапати му престана пулсот, синот го реанимираше“: Пријателот на Којо ги опиша деталите од страшната несреќа на тркачката патека

Добивај вести на Viber

-Лекарите беа изненадени како тој воопшто останал жив, ударот беше толку силен, како да го удрил воз, открил пријателот на Којо, Михајло. Владимир Којо, брат на познатиот актер Никола Којо, почина на 59-годишна возраст, на белградскиот Хиподром, од удар од коњ.

Инаку, Владимир бил специјалист за коњи на кој му посветил децении од својот живот.

По страшната вест за неговата смрт, новинари на српскиот портал Телеграф отишле на хиподромот каде загинал Владимир за да разговараат со сведоците на немилиот настан, меѓу кои и негов пријател од детството.

- Судбината го зеде на неверојатен начин. Го удри коњ. Се однесуваше аматерски, момент на негово целосно невнимание. Скокна од грмушката... Ниту Владимир го виде коњот, ниту коњот него. Сè се случи со неверојатна брзина. Овде се случуваат несреќи, тоа е екстремен спорт, но не се случува често. Тоа беше коњ за трка. Владимир не можеше да го заузда иако беше специјалист за немирни коњи, ги тренираше со години - ни изјави Михајло.

Како што ни откри и Којо се здобил со страшни повреди, такви што лекарите биле изненадени како тој воопшто преживеал.

- Лекарите беа изненадени како тој воопшто преживеал таков удар, како да го удрил воз. Беше во кома. Син му бил таму, го реанимирал, патем е и тренер. Тој беше првиот што виде што се случи, тој и мојот брат. Наидов неколку секунди после тоа. Пулсот му престана двапати за 10 минути, двапати го реанимиравме. Брзата помош пристигна многу брзо, но ми се чинеше како цела вечност, кога човекот во моите раце умира. Го земале и веднаш се обиделе да го реанимираат. Беше здрав човек, срцето му беше силно, но имаше такви повреди што тешко се спасуваше - изјавил пријателот на Владимир од детството.


Фото:NikolaKojo/Facebook