Македонска реткост - Двете сестри ги крунисаа година за година: Сестрите Јасна и Сандра Спасовски беа Мис на Македонија за Мис на светот
Македонија години наназад нема претставничка на најстариот светски избор за убавина „Мис на светот“. Последен пат нашата земја учествуваше на настанот во 2015 година, кога Емилија Розман не претстави во Саниа, Кина.
Од осамостојувањето на Македонија, нашата земја учествуваше на „Мис на светот“ 15 пати. Прва мисица која ја испративме на овој гламурозен настан во 1996 година беше Вера Мештеровиќ. Потоа следуваше пауза од пет години, за во 2001 година Македонија повторно да испрати наша претставничка, манекенката Сандра Спасовска. Наредната 2002 година пак, гласовите од жирито и публиката отидоа кај нејзината сестра Јасна.
Сандра СпасовскаЗа прв и последен пат, во Македонија две сестри една по друга ја наследија дијадемата, поточно, Сандра ја освои истата во 2001 година, а веќе следната 2002 година и ја предаде на сестра ѝ Јасна во 2002 година. Дваесетгодишната Јасна, сестра на тогашната убавица, Сандра која не претставуваше на изборот во монденското одморалиште Сан Сити во Јужна Африка, титулата ја доби од седумчленото жири на изборот, во чие гласање со по еден глас учествуваа и гледачите со телефонско и гласањето преку интернет.
Јасна СпасовскаОд 2003 до 2015 година Македонија имаше неколку претставнички кои не претставуваа на елитниот избор, но ниту една не постигна особен успех.
Што се однесува пак до македонскиот избор за убавина, „Мис на Македонија“, кој своевремено беше еден од важните модни настани кај нас, речиси и да не поминуваше без скандали и критики најчесто на сметка на организаторите, како што тогаш пренесуваа медиумите, поради непрофесионалност, необезбедување на соодветни услови за избраничката, нетранспарентност при изборот, а имаше и ситуации каде следеа обвинувања дека мисиците самите морале да си ги купуваат фустаните со кои ја претставуваа земјата на Мис на свет. Некои дури и јавно кажаа дека родителите освен што им обезбедиле гардероба, им ги платиле и патните трошоци, а една од нив беше и Емилија Розман. Па наместо македонската јавност да ужива во гламурот на овој натпревар од светски рамки, сведок беше за проблеми и драми за време на секој домашен избор на „Мис на светот“.
Од последниот избор е помината речиси една деценија, лиценцата веројатно сè уште е во рацете на Лидија Велковска која во една прилика за медиумите изјави дека никогаш нема да ја отстапи никому, а дали Македонија повторно ќе биде дел од најпопуларниот и најстариот избор за убавина, одговор сè уште нема.
Фото:Фејсбук/ScreenshotЕ.А. Н.Т.