Две награди од Македонска берза за НЛБ Банка АД Скопје

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка АД Скопје е добитник на две награди од Македонска берза, доделени за време на годишната берзанска конференција која се одржа во Охрид од 28 до 29 Март 2019 година. 

Традиционално на овогодинешната берзанска конференција беа доделени награди за компаниите кои котираат на берзата во две категории: награди за најтранспарентни компании и награди за членките со најголем остварен промет.

И годинава НЛБ Банка е добитник на награди во двете категории и тоа:
Награда за најтранспарентна компанија „Кристално ѕвоно“ – 3-то место и Награда за членки со најголем остварен промет – 3-то место. 

Вклучително со овие 2 награди НЛБ Банка е добитник на вкупно 8 награди од берзата низ годините, со што дополнително го потврдува приматот на најнаградувана банка во земјата. 
НЛБ Банка АД Скопје се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Македонија, со остварена нето добивка од 34,5 милиони евра во 2018 година, што се должи на континуирани продажни активности со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија, засилен финансиски сервис за корпоративните клиенти и на значајните инвестиции во електронските сервиси.