ДВЕ НЕДЕЛИ ПО ОПЕРАЦИЈАТА, ЈАНЕ НА ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР ВО ПАРИЗ

Добивај вести на Viber

Само две недели по операцијата на 'рбетот во Париз, десетгодишниот Јане Велковски посети фудбалски натпревар.

Јане со семејството беше дел од публиката на натпреварот помеѓу Париз Сен Жермен и Црвена Ѕвезда од второто коло на Лигата на Шампионите. „Љубовта кон фудбалот лечи се. Само две недели по операцијата, Јане е на натпевар“, рече неговата мајка, Деница Велковска. 

“На Јане му правеа операција на 'рбетот, му ги менуваат шипките што му го држат исправен. Првите, помали шипки му ги ставија во 2015 година, и му ги продолжуваа на секои шест месеци. Сега тој е пораснат, и требаше да му стават поголеми. Шипките се викаат MAGEC growing rods, а начинот на операција е  најнеинвазивна метода кај деца кои се во раст и во развој. Се продолжуваат со магнет однадвор, за разлика од други методи каде што мора да се продолжуваат со отварање, класичен хируршки зафат на секои шест месеци. Јане е добро, операцијата полесно помина од првиот пат, и се очекува побрзо да закрепне“, ни изјави Велковска по операцијата на синот кој боледува од кој од спинална мускулна атрофија (СМА). 

На својот инстаграм профил, УЕФа објави фортографија од Јане со татко му, на натпреварот. Јане е заштитно лице на новиот спот на УЕФА од проектот „Equal game“, кој започнува токму со него. Во спотот, освен малиот херој се појавуваат и светски фудабалски ѕвезди како Роналдо, Меси и Погба. 

(М.Џ.)