Прерано згасна животот на Васко Саздовски: Скромен човек со брилијантен ум, остави зад себе сопруга и две деца
Во трагедијата што се случи во петокот на железничката станица во Нови Сад животот го загубија 14 лица, кога ненадејно се урна настрешницата пред влезот.
Тринаесет жртви се од Србија, од кои четири деца, а меѓу загинатите е и Васко Саздовски (45), научник од Македонија кој работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатичките технологии за земјоделство. Зад себе ги остави сопругата и двете деца.
- Саздовски работеше во Центарот за сензорски технологии. Се вработил во водечка европска институција како искусен научник. Претходно имал научна кариера.
Колегите на Саздовски утрото по трагедијата се собраа во Институтот Биосенс. Според нив, Васко работел тука нешто повеќе од една година, во центарот за сензорски технологии, а речиси секој викенд го поминувал дома во Македонија, каде што живеат неговата сопруга и двете деца.
На пат кон дома тргна и трагичниот петок, 1 ноември.
Тие на социјалните мрежи се простија и од својот колега од Институтот.
На социјалните мрежи пораки кои кршат срца, не престануваат да се нижат. Многу се, премногу. За тоа колку Македонија, не знаела кој е Васко. За жал.
Македонија не знаеше да го почитува и препознае неговото знаење.
По несреќата сите разбраа кој е Васко Саздовски - Македонецот, првенец на генерацијата, научник, иноватор, спортист, планинар, сопруг и татко на две деца, жртва во несреќата на Железничката станица во Нови Сад. Сега веќе е предоцна.
Нека почива во мир.